Хроника 22. мај 2020. / 14:31

(ВИДЕО) Изгоре магацин за резервни автоделови во Радишани: Нема повредени

(ВИДЕО) Изгоре магацин за резервни автоделови во Радишани: Нема повредени

Магацински простор за резервни делови за стари половни возила во близина на бензинска пумпа на влезот во Радишани е опожарен денеска околу 13 часот. Нема повредени, причинета е само материјална штета.

– Пожарот веќе е локализиран и се работи на негово расчитување, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски.

Во гаснењето на пожарот учествувале 25 пожарникари со десетина возила.

Пожарот бил пријавен во Територијалната противпожарна единица околу 13:15 часот.