Хроника 14. јануари 2019. / 10:12

(ВИДЕО) Еве како беа спасени македонските скијачи во Бугарија

(ВИДЕО) Еве како беа спасени македонските скијачи во Бугарија

Бугарските медиуми објавија видео од спасувачката акција на планината Пирин во Бугарија, каде петмина македонски скијачи и сноубордери кои скијале надвор од обележаните патеки паднале во дол.

Македонските скијачи, според службата, се добри, во добра здравствена состојба, неповредени и веќе се пренесени во хотелите во Банско, каде што биле сместени.

Сигналот за помош стигнал до Горската спасувачка служба во Банско, и во 20 часот по локално време десет спасувачи ја почнале акцијата за извлекување на петтемина Македонци.