Синоќа во пожар изгорела бурекџилница која се наоѓала спроти македонската национална телевизија.
Пламените јазици успеале да ги локализираат неколку екипи на противпожарната единица од Скопје.
За среќа нема жртви, причинета е само материјална штета.
Според првичните информации, причина за пожарот е експлозија на плинска боца.