Хроника 14. февруари 2019. / 13:03

(ВИДЕО) Екипите вршат увид на местото на ужасната случка

(ВИДЕО) Екипите вршат увид на местото на ужасната случка

Стручните екипи вршат увид на местото на несраќата кај Карпалак, во која загинаа 15 лица.

Причините за превртувањето на автобус на „Дурмо турс“ денеска ги истражуваат вештаци, пренесе 24Инфо.

Околу автобусот има само неколку луѓе кои вршат увид и бараат траги кои ќе укажат зошто се случи трагичната несреќа. Таму се и багерите, со кои вчера спасувачите го превртеа автобусот за да можат да ги извадат настарадните патници.

Се гледаат тркалата и гумите на возилото, што е редовна процедура при вакви ситуации, иако се шпекулира дека експлодирало едно тркало па возачот загубил контрола врз автобусот, по што дошло до трагедијата.