Хроника 26. јуни 2020. / 23:26

(ВИДЕО) Чулев: Земавме изјава од Дончев, на ред е ОЈО да одлучи како ќе постапува

(ВИДЕО) Чулев: Земавме изјава од Дончев, на ред е ОЈО да одлучи како ќе постапува

Во денешното интервју на Канал 5 дадов одговор на прашањата поврзани со денешното повикување во полициска станица на поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев.

На покана на Министерството за внатрешни работи тој денес бил во полициската станица Карпош каде од страна на инспектори од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал се извршени разговори. Податоците и информациите кој тој ги изнел за време на разговорот ќе бидат доставени во форма на известување до ОЈО и понатамошното постапување ќе зависи од насоките кои ќе бидат дадени од нивна страна, рече Чулев.