Пред Градската болница „8 Септември“ собрани се стотици членови од семејствата, роднини и пријатели на повредените и загинатите од денешната автобуска несреќа што се случи на автопатот Скопје-Тетово, пренесе Макфакс.
Официјалните информации се дека загинати се 13 лица, но голем е бројот на тешко повредените, а семејствата тешко доаѓаат до информации. Тие чекаат било каква информација за здравствената состојба на повредените.
– Поминаа повеќе од 3 часа, информациите ги добиваме од медиумите, редно е да добиеме било какви нови сознанија. – реагираат семејствата.