На апликацијата Тик Ток, на која луѓето најчесто споделуваат кратки видеа беше објавено видео од напад на младо момче во Македонија. Локацијата на видеото не е позната.
На профилот @problem1 на „Тик Ток“ каде што е објавено видеото јасно се гледа лицето на момчето кое го тепаат додека го снимаат, видеото е објавено со натпис вистински Тик Ток, тупаница и македонско знаме, додека на момчињата кои го удираат е додадено албанско знаме.
Видеото наиде на голем број на реакции на социјалните мрежи, корисниците го споделуваат видеото со надеж дека институциите ќе го истражат случајот.