Актерката Силвија Стојановска не сакаше да одговара на новинарски прашања при излегувањето од кривичниот суд од каде што што беше спроведена во куќен притвор, пренесува А1он.мк.
Новинарите ја прашуваа дали е точно дека е осомничена за трговија со дрога, а наместо одговор таа искоментира “Боже, боже”.
Актерката не даде одговор ниту на прашањето дали е уапсена на граница и дали знаела дека Обвинителството води истрага за неа.
Стојановска беше приведена доцна попладнево и спроведена пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје во врска со заплена на огромна количина дрога.