На 07.07.2020 во 15.00 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосница од бул.„Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хјундаи“, управувано од Ж.Д.(39) од Скопје, патничко возило „волво“,управувано од З.А.(47) од Скопје и мотоцикл „сузуки“,управуван од К.А.(46) од Скопје, сите три со скопски регистарски ознаки.
-Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а 15-годишниот сопатник се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје