Сообраќајна несреќа во која учествувале пет возила се случи доцна попладнево на автопатот Скопје – Гевгелија, на околу еден километар од граничниот премин „Богородица“.
Од СВР Струмица велат дека во моментов се врши увид на местото на несреќата и кај клучката Гевгелија се пренасочува сообраќајот по старито пат кон граничниот премин. Нема официјална информација за повредени патници, иако туристи од местото на несреќата за Канал 5 велат дека има повредени. Од СВР Струмица повеќе детали најавија подоцна во текот на денот.