Хроника 02. јануари 2019. / 10:44

Велосипедист загина во Тетовско, откако го удриле со автомобил

Велосипедист загина во Тетовско, откако го удриле со автомобил

Жител на тетовско Долно Седларце (51) починал откако, додека возел велосипед, бил удрен од автомобил БМВ со тетовски регистерски таблички што го управувал 22-годишен жител на Тетово.

Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, несреќа се случила вчера попладне околу 17 часот и 30 минути на патот Тетово Брвеница. При сообраќајката велосипедистот здобил тешки телесни повреди од кои починал. Екипата на Прва помош која претходно била повикана, констатитирала смрт.

Увид на местото на несреќата е извршен.