Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва на улица „Борис Трајковски“ помеѓу две возила.
Едно од возилата удрило во билборд. Едно лице со Брза помош било однесено во болница.
Полицијата е на лице место и врши увид. Повеќе детали се очекуваат подоцна.