Хроника 06. септември 2019. / 14:33

Ужас во Велес: Тинејџер се обидел да силува девојче

Ужас во Велес: Тинејџер се обидел да силува девојче

Приведен малолетник од Велес, кој вчера се обидел да изврши обљуба врз девојче, но не успеал.

Случајот во полиција го пријавила, 36-годишна жена од велешко село, мајка на девојчето. Според нејзината изјава, вчера околу 13 часот во селото, 17-годишен малолетник се обидел да изврши обљуба врз нејзината малолетна ќерка, но не успеал.

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, за настанот бил известен јавен обвинител и надлежните од Центарот за социјални работи од Велес.

– Малолетникот е приведен и задржан по полициска станица. Се работи на расчистување на случајот. – информира Додевски.