Маж со тешки повреди пренесен во болница, откако во охридско изгубил контрола и излетал од патот управувајќи мопед.
Вчера околу 19.55 часот во с.Лескоец, охридско, Д.Г.(31) од с.Лескоец, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата, Д.Г. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во општата болница во Охрид, стои во полицискиот билтен.
Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.