Хроника 31. јули 2018. / 10:59

Утврден идентитетот на жената пронајдена почината кај Тиквешко езеро

Утврден идентитетот на жената пронајдена почината кај Тиквешко езеро

Семејството вчера вечерта на пронашло почината 72 годишната Н.Ш.

Од полицијата информираат дека случајот бил пријавен од страна на лекар од Јавната здравствена установа Кавадарци кој ја констатирал смртта.

Жената била пронајдена на Тиквешкото Езеро кај место викано „Голеш“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.