Хроника 08. февруари 2020. / 12:42

Утврден идентитетот на пронајдениот мртов човек во Охридското Езеро

Утврден идентитетот на пронајдениот мртов човек во Охридското Езеро

Во текот на вчерашниот ден мртво тело беше извадено од водите на Охридското езеро, полицијата го утврди идентитетот.

Вчера во 13 часот и 10 минути во СВР-Охрид, било пријавено дека на место викано .„Лабино“, имало повредено лице од пад на брегот од Охридското езеро.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, а од лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид и констатирано било дека се работи за К.С.(64) од Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.