Пожар избувнал утрово во зградата кај Црвениот Крст во Гостивар.
Огнот го зафатил влезот од објектот и подрумските простории. Со интервенција на гостиварската Противпожарна единица, било спречено проширување и пожарот бил изгаснат, пишува гостиварпрес.
Причините дополнително ќе се утврдуваат. Ова е втор пожар во објект деновиве во Гостивар. Пред неколку дена, изгоре кат и кров на куќа на улицата ЈНА.