Хроника 31. јануари 2019. / 10:13

Утрово кумановец со автомобил удри жена во Лисиче

Утрово кумановец со автомобил удри жена во Лисиче

На булеварот „12 Македонска бригада“, пред полициската станица во скопската населба Лисиче, утрово во сообраќајна несреќа тешко е повредена жена која итно со амбулатно возило е пренесена во Ургентниот центар.

Жената на самата крстосница како пешак е удрена од автомобил „опел венто“ со кумановски регистарски табилички.

Во моментот се очекува да пристигне увидна екипа за да се утврди причината за сообраќајката.