Хроника 13. јуни 2019. / 11:03

Уште еден скопјанец вчера го загуби животот

Уште еден скопјанец вчера го загуби животот

Педесетиседум-годишен скопјанец загина вчера во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Радовиш-Штип.

Сообраќајкат се случила во 15.35 часот кога се судриле товарно возило „МАН“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот В.Б. од Радовиш и патничко возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот И.М. од Скопје.

Од здобиените повреди, возачот на патничкото возило И.М. починал на местото на настанот. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција, информираа од МВР.