Хроника 16. May 2019. / 21:37

Уште 12 лица кои купувале кокаин се уапсени

Уште 12 лица кои купувале кокаин се уапсени

Во акцијата на полицијата во која беа уапсени четворица дилери на дрога, од слобода се лишени уште 12-мина кои купувале кокаин, а кои, како што велат од МВР, биле менаџери на кафе барови, ноќни клубови и ресторани, потоа адвокати, директори, банкари и вработени во јавна администрација.

Документирано е и дека оваа група во текот на своето делување користела насилство и закани кон лица-корисници на кокаин, кои навремено не плаќале за набавениот кокаин. За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување, обезбедени се голем број на материјални докази и документирани се бројни купопродажби на кокаин кон менаџери на кафе барови, ноќни клубови и ресторани, потоа адвокати, директори, банкари и вработени во јавна администрација, при што лишени од слобода беа 12 лица, соопштија од МВР.

Во рамки на истрагата, претходно поднесени се две кривични пријави до ОЈО Скопје и ОЈО Куманово, против две лица од кои едно лице вработено на висока позиција во Царинската управа за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и за овозможување на употреба на наркотични дроги.