Хроника 19. септември 2019. / 17:04

Управител на автошкола затајувал данок со што стекнал имотна корист од 10.000 евра

Управител на автошкола затајувал данок со што стекнал имотна корист од 10.000 евра

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Г.Ф.(57) од Кичево и ДАШТУ „Тимони АБЦ“ ДООЕЛ Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Како што соопшти МВР, на 9 ноември минатата година во Кичево, полициски службеници и вработени во Управата за јавни приходи, при контрола во просториите на второпријавеното правно лице, утврдиле дека првопријавениот, како управител, во даночните пријави за 2017 и периодот од 01.01.2018 до 30.09.2018 прикажал данок на додадена вредност во износ намален за 343.066 денари и персонален данок на доход во износ намален за 277.331 денари.

-Со ова, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист 620.397 денари на штета на Буџетот на Р.С.Македонија – соопштуваат од МВР.