Хроника 06. април 2019. / 15:35

Украл мобилен од дете, па ограбил обложувалница

Украл мобилен од дете, па ограбил обложувалница

СВР Скопје до надлежното ОЈО ќе поднесе кривична пријава против лицето Х.И. (30) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека е сторител на две кривични дела – “разбојничка кражба“ и “тешка кражба“.

Имено, првото кривично дело “разбојничка кражба“ Х.И. ја извршил на 29.12.2018 година над малолетно лице на ул. “Димитрие Чуповски“ во Скопје, кое физички го нападнал и му одземал мобилен телефон.

Второто кривично дело го извршил на 11.01. 2019 година во спортска обложувалница во Скопје од каде одземал пари. Х.И. бил приведен во Полициската станица Бит Пазар и во присуство на надлежен јавен обвинител од страна на оштетените било извршено препознавање.