Хроника 25. октомври 2018. / 11:04

Украинка залутала на Попова Шапка

Украинка залутала на Попова Шапка

Вчера околу 18,30 часот, во непосредна близина на месноста „Шипковачки бачила“, под Попова Шапка, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово ја пронашле и и пружиле помош на украинската државјанка Ф.О.( 21 ), која заталкала симнувајќи се низ шумскиот предел „Сидол“.

Ф.О. кампувала во близина заедно со Ј.М.(27) од Германија и Р.Ц.(20) од Израeл.

Тројцата, потоа продолжиле со кампувањето.