Хроника 16. јуни 2020. / 16:25

Украдени часовници вредни 575 илјади евра од продавница за накит во Битола

Украдени часовници вредни 575 илјади евра од продавница за накит во Битола

Непознато лице во продавница за часовници и накит на улица „Широк Сокак“ во Битола со тврд предмет го скршил стаклото од излогот и од изложната витрина украл 28 машки часовници во вредност од 575 илјади денари.

Случајот, како што соопшти МВР, бил пријавен вчера во 5 часот изутрината.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.