Хроника 11. септември 2019. / 13:02

Украден сеф од винарија во Демир Капија

Украден сеф од винарија во Демир Капија

Украден е сеф од винарија во Демир Капија. Кражбата е извршена ноќта меѓу понеделникот и вторникот.

Ноќта на 9 кон 10 септември во СВР Велес било пријавено дека е извршена тешка кражба во винарија во Демир Капија. Сторителите со употреба на сила влегле и го одзеле сефот. Се работи на расчистување на случајот – изјави портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.