58.560.000 денари му биле украдени на скопјанец од скопската населба Нерези, откако крадец кој влегол преку прозорецот на неговата тераса успеал да украде 800.000 евра, 60.000 долари, 50.000 франци и еден милион денари.
Според полицискиот извештај, кражбата се случила во периодот од 19.30 до 21.00 часот на 04.07 годинава.
Парите биле спакувани во хартиени кеси, а крадецот ги пронашол во дневната соба на сопственикот. Полицијата трага по сторителот.