Хроника 03. декември 2020. / 12:29

Угостителски објект во тетовско служел гости по работното време: Приведен сопственикот

Угостителски објект во тетовско служел гости по работното време: Приведен сопственикот

Полициски службеници на СВР Тетово во тетовска Мала Речица вчера го лишиле од слобода 39-годишниот З.А. од истото село, сопственик на угостителски објект, затоа што било констатирано дека објектот работи надвор од дозволеното време.

При заедничка контрола на објектот од полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, било констатирано дека објектот на 39-годишниот 3.А. работи надвор од дозволеното работно време, а во него биле затекнати шест гости, се наведува во соопштението на МВР.

Оттаму информираат дека З.А. е задржан во полициската станица во Тетово и против него ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик за сторено кривично дело „непостапување според здрaвствени прописи за време на епидемија“