Хроника 13. септември 2019. / 12:25

Удрил во полицаец со мотор, откако му рекол да застане

Удрил во полицаец со мотор, откако му рекол да застане

Маж од гостиварко уапсен е утринава откако одбил да застане по наредба на полицијата и наместо тоа со моторцикл удрил во нив.

Рано утринава околу 01.00 часот полициски службеници го привеле Б.В.(24) од село Дебреше, гостиварско, затоа што на ул.„Борче Јовановски“ во Гостивар, управувајќи мотоцикл „трува“ со гостиварски регистарски ознаки, не застанал на наредба од полициски службеник кој вршел службени дејствија, а потоа го удрил со мотоциклот. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.