Хроника 14. август 2020. / 09:22

Убиство во Инџиково – Му барале пари, им го давал џипот, па го убиле

Убиство во Инџиково – Му барале пари, им го давал џипот, па го убиле

Убиство во скопско Инџиково се случило синоќа околу полноќ.

Од МВР истакнуваат дека официјални информации и детали за настанот ќе соопштат во текот на денот.

Повикувајќи се на неофицијални информации Алсат телевизија објави дека лица маскирани во фантомки и вооружени влегле во куќата на 49-годишен жител, кој бил во домот со сопругата и истите ги легнале во ходникот, додека во друга соба имало роднини.

-Вооружените лица им побарале пари, откако сопственикот им кажал дека нема пари и дека има само возило џип во дворот и дека може да го земат, едно од лицата истрелало од пиштол кон него и го погодил во пределот на главата, по што починал, објави Алсат.

Неофицијално, лицата избегале во непознат правец.