Хроника 20. мај 2019. / 15:24

Убиецот на сопственикот Холанѓанец од Тетово се заканува со нови убиства – Шутка без психијатар за стручна помош

Убиецот на сопственикот Холанѓанец од Тетово се заканува со нови убиства – Шутка без психијатар за стручна помош

С.Р. (49), осомничениот за убиство на холанѓанецот Јос М. (59) сопственик на расадникот „Еуроплантс” во тетовско Прељубиште, кој пред 10 дена почина откако беше удрен со камен во глава, бил вознемирен, гласен и агресивен во притворската ќелија во Истражниот затвор во Шутка и се заканувал со нови убиства, дознава МКД.мк.

Според нив осомничениот нападнал и цимер во ќелијата, обидувајќи се да го задави. Го спасила брзата реакција на затворската полицијата. Мерката притвор сега овој осомничен ја издржува со друг цимер и е под посебен надзор. Во ќелијата седел на едно место, не давал никој да му се доближи, со закани дека повторно ќе нападне и убие, а постојано зборувал за војната во Вуковар и за убивање.

Во Истражниот затвор во Шутка во моментов нема ниту стручно лице, односно психијатар кој ќе може да позборува и да му пружи стручна лекарска помош на овој притвореник.

Оваа информација ни ја потврдија и од Управата за Извршување на санкции од каде најавија одговор до утре.

Психијатарот кој работеше во Истражниот затвор во Шутка, а кој во исто време беше и психијатар во затворот во Идризово, пред околу еден месец заминал во пензија. Лекарскиот тим кој работи во овие два затвори е во надлежност на Здравствен дом Скопје.