Хроника 09. мај 2019. / 11:07

Уапсено лице на Табановце барано за издржување казна затвор

Уапсено лице на Табановце барано за издржување казна затвор

Вчера во 18.00 часот на Граничниот премин Табановце, било уапсено едно лице.

Имено по извршената проверка на лицето М.И.(38) од село Зрновци, кочанско, било констатирано дека тој се барал за издржување казна затвор.

Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.