Хроника 18. мај 2019. / 23:06

Уапсено е лице од Косово на граничниот премин „Јажинце“

Уапсено е лице од Косово на граничниот премин „Јажинце“

Лицето Х.Џ.(50) од Косово се наоѓа на листата со мерка ,,Апси“ по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка по што било лишено од слобода.

На граничниот премин „Јажинце“ вчера во девет часот изутрината при гранична контрола било констатирано дека дека лицето Х.Џ.(50) од Косово се наоѓа на листата со мерка ,,Апси“ по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка. Тој бил лишен од слобода и во 13.10 часот бил предаден на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна постапка.