Хроника 02. декември 2018. / 18:10

Уапсени странски државјанки во угостителски објект во Тетово

Уапсени странски државјанки во угостителски објект во Тетово

Во периодот по полноќ до 02.30 часот полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект во село Боговиње, сопственост на 34-годишниот Н.С. од село Боговиње.

Притоа, во објектот биле затекнати пет женски лица кои ги забавувале гостите. Од нив две се од Република Македонија, а три се странски државјанки(две од Република Албанија и една од Косово.

Странските државјанки биле приведени и задржани во Полициската станица Тетово за понатамоша постапка.