Шест дилери од Скопје се уапсени во изминатите 24 часа, извести полицијата. На улицата „Венјамин Манчуковски“ уапсени се К.Р.(47) и Ф.И.(26) од Скопје.
Во населбата Козле е уапсен Н.Р.(34), во Ченто е приведен А.А. (30), додека во Гази Баба полицијата ги привеле А.Б.(27) и М.П.(27). Сите уапсени се од Скопје, а дрогата им е пронајдена при личен претрес.