Хроника 17. јануари 2019. / 19:49

Уапсени купци и дилери со марихуана во Пробиштип

Уапсени купци и дилери со марихуана во Пробиштип

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип, поднесе кривична пријава против Р.Ј. (21), Ј.Д. (20), двајцата од Пробиштип, К.С. (20) и Х.К. (20), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 21.03.2018 година К.С. и Х.К. со возило во кое имало марихуана заминале кон Пробиштип да ја предадат на Р.Ј. и Ј.Д..

На улица „Цветко Тонев“, во момент на предавањето, полициски службеници ги затекнале пријавените и ја одзеле дрогата.