Хроника 12. јули 2019. / 17:32

Уапсени две лица поради присила на малолетници да продаваат за нив

Уапсени две лица поради присила на малолетници да продаваат за нив

Во текот на вчерашниот ден, битолската полиција привела две лица кои присилувале малолетници да работат за нив.

На 11 јули во 10:30 часот на улица „Широк сокак” во Битола полициски службеници ги лишиле од слобода И.Р.(37) од Велес и В.Д.(32) од Прилеп поради тоа што биле добиени оперативни сознанија дека присилуваат малолетни лица да вршат продажба на разни предмети во центарот на Битола.

По целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.