Полицијата во тетово по претходна судска наредба извршила претрес во дом на еден тетовец. „Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР-Тетово извршиле претрес во домот и помошните простории на 36-годишниот Ф.У.(36) од Тетово, соопшти МВР додавајќи дека претресот го споревеле по претходна судска наредба“ .
„При претресот, реализиран со судска наредба, понајден е хероин, а кај Е.И.(38), исто така, од Тетово, кој бил со него, пронајдена е марихуана“, соопшти полицијата.
Двајцата се лишени од слобода и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од МВР.