Хроника 05. февруари 2020. / 11:58

Уапсени двајца скопјани за доиздржување затворска казна

Уапсени двајца скопјани за доиздржување затворска казна

Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги уапсиле скопјаните, Р.А. (36) на булеварот „Партизански одреди“ и Б.С. (31) на улицата „Стојна Стевкова“, затоа што се барале за доиздржување на затворска казна.

Како што соопштува МВР, во 20 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.А.(36) од Скопје, затоа што се барал за доиздржување на затворска казна. Истиот ден во 20:30 часот полициски службеници го лишиле од слобода Б.С.(31) од Скопје, затоа што се барал за издржување на казна затвор од две години.