Хроника 18. јуни 2020. / 16:16

Уапсена 65-годишна скопјанка барана со потерница за издржување казна затвор од 17 години

Уапсена 65-годишна скопјанка барана со потерница за издржување казна затвор од 17 години

На 18.06.2020 во 09,00 часот полициски службеници од СВР Скопје од ул.„Гостиварска“ на подрачјето на Ѓорче Петров ја лишиле од слобода Б.П.(65) од Скопје.

Таа била барана по потерница за издржување на казна затвор во траење од 17 години за сторени кривични дела „измами“ и „даночно затајување“.

МВР соопштидека таа била спроведена во Казнено поправната установа Затвор Идризово на издржување на казната затвор.