Од полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Кочо Рацин“ вчера во 22.30 часот,лишен од слобода бил И.Б.(24) од Студеничани-скопско.
Затоа што при извршениот преглед кај него бил пронајден пиштол марка ХС2000 кал.9 мм со седум куршуми за кој не поседува дозвола, а при извршената проверка за пиштолот констатирано било дека истиот бил сопственост на МВР.
Тој бил приведен во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.