Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.З. (32) од тетовското село Копанце, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени една автоматска пушка, една рамка со 19 куршуми калибар 7,62 милиметри, еден пиштол „Берета“ со една рамка, 162 куршуми калибар 7,62 милиметри и еден куршум калибар 7,65 милиметри.
МВР информира дека З.Б. е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот и со соодветен поднесок денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.