Хроника 12. февруари 2019. / 11:17

Уапсен скопјанец на аеродром, бил баран од полицијата

Уапсен скопјанец на аеродром, бил баран од полицијата

На 11.02.2019 година во 22:10 часот на Граничен премин Аеродром Скопје, при пасошка контрола, било констатирано дека С.В.(25) од  Скопје се наоѓа на листата со мерка „Апси” по Наредба од Основен суд Скопје 1 поради сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 1 од Кривичниот законик.

Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар.