Хроника 10. декември 2018. / 11:04

Уапсен скопјанец кој се барал за издржување казна затвор

Уапсен скопјанец кој се барал за издржување казна затвор

Околу 14,30 часот вчера во Скопје од слобода е лишен Ј.С.(30) од Скопје. Лицето се барало за издржување на казна затвор во времетраење од шест години и шест месеци за сторено кривично дело „разбојништво“ казниво по член 237 од КЗ на РМ.

Приведеното лице има одлежано две години од предвидената затворска казна по што од 12.01.2017 година е во бегство. Ј.С. е спроведен во затвор Идризово.