Хроника 19. мај 2020. / 11:58

Уапсен маж во Кондово кој со пиштол им се заканувал на полициски службеници

Уапсен маж во Кондово кој со пиштол им се заканувал на полициски службеници

Полицијата синоќа (18 мај) уапсила 28 годишник од скопското село Кондово.

Како што информираат од МВР, 28-годишникот при контрола, со пиштол му се заканил на еден од полициските службеници, по што се обидел да го напушти местото на настанот.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.