Хроника 10. јануари 2021. / 14:49

Уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница

Уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница
Албанската полиција на граничниот премин Морина, на албанско  – косовската граница кај Кукс уапсила македонски државјанин баран со меѓународна потерница издадена од австриските власти.
 – Македонскиот државјанин Р.М.(25), жител на Скопје, приведен е при влез на албанска територија на граничниот премин Морина, откако при контрола пронајден е во системот како лице барано со меѓународна потерница.Меѓународната потерница е распишана од властите во Виена, Австрија на 29 јануари 2018 година и се бара за кривични дела – разбојништа, се наведува во полициското соопштение.
Полицијата од Кукс и канцеларијата на Интерпол Тирана, во соработка со Обвинителството на Кукс, ги преземаат со закон предвидените активности, по што Р.М. ќе биде екстрадиран во Австрија.