Вчера во 13 часот и 30 минути полициски службеници од СВР Скопје на булеварот ,,12 Македонска Бригада” го привеле триесет и тригодишниот М.П од Грција, поради сомнеж дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
Тој бил задржан во полициска станица Аеродром за понатамошна постапка.
Во одделен настан вчера попладнето уапсен бил и триесет и двегодишниот Р.С од Скопје зашто при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.