Хроника 11. септември 2020. / 18:26

Уапсен гостиварецот кој со секира ја масакрираше сопругата

Уапсен гостиварецот кој со секира ја масакрираше сопругата

По безмалку два дена бегство, уапсен е гостиварецот осомничен за вчерашното свирепо убиство на својата 60-годишна сопруга.

Од СВР Тетово информираат дека тој е уапсен во близина на гостиварското село Страјане.

За време на приведувањето не давал отпор. Тој вчера рано утрината ја згрози јавноста во Гостивар, по информациите дека со секира и пресудил на сопругата.