На регионалнот пат Тетово-Скопје, пред влезот во Ново Село, во попладневните часови на 11. ноември полициски службеници од Тетово запреле автомобил без регистерски таблици, управуван од 62-годишник од скопското село Бојане.
Во автомобилот тој превезувал огревни дрва без потребните документи.
Како што информираат од МВР, автомобилот и дрвата биле одземени и предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка, додека 62-годишникот бил уапсен.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.