Хроника 22. март 2019. / 13:02

Уапсен дилер на дрога во Скопје

Уапсен дилер на дрога во Скопје

Скопската полиција поднесе кривична пријава против 51-годишен скопјанец во чиј дом била пронајдена дрога хероин.

Како што информираат од МВР, на 20 март годинава полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, а подоцна, истиот ден, врз основа на судска наредба, извршиле и претрес во неговиот дом при што го пронашле хероинот.

Си заработи кривична пријава.