Хроника 24. јуни 2020. / 15:55

Уапсен битолчанец: Ја допирал 13-годишната внука

Уапсен битолчанец: Ја допирал 13-годишната внука

Лекар од детското одделение при Клиничка болница Битола вчера во СВР Битола пријавил дека кај нив било донесено 13 – годишно девојче од битолско село, кое изјавило дека истиот ден нејзиниот чичко ја допирал по интимните делови на телото, информира МВР.

Денеска, по извршени проверки, а во врска со пријавата, во 2:30 часот во СВР Битола лишен е од слобода А.Џ.(37) од битолско село.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.